Тачи до Захариева: Договорот со Македонија одлична порака

Косовскиот претседател Хашим Тачи ѝ изрази благодарност на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за поддршката за Западен Балкан во евроинтеграциите, издвојувајќи го како позитивен пример договорот меѓу Бугарија и Македонија.

„Вашиот договор со Република Македонија беше одлична порака за целиот регион“, изјави Тачи по средбата со Захариева, која со дводневната посета на Приштина ја заокружува турнејата низ шесте држави од регионот што сакаат да им се приклучат на Европска унија и на НАТО.

„На состанокот на врвот на ЕУ во мај в година во Софија сакаме нашите соседи да добијат не само политичка поддршка, туку и јасен план за секоја одделна држава сообразен со нејзините заслуги“, рече Захариева, која шансата на Западен Балкан за побрза интеграција ја гледа во претседателствувањето со Советот на ЕУ на поддржувачите на проширувањето Бугарија, Романија, Хрватска, Естонија и Австрија.