Творецот на Охридскиот договор, Џејмс Пердју, со барање до Трамп

Поранешниот амабсадор на САД во Бугарија и човекот што ги седна на маса Црвенковски, Георгиевски, Имер Имери и Арбен Џафери да го потпишат Рамковниот договор во Охрид бара САД да се откаже од изолационизмот.

Џејмс Пердју, клучниот човек на САД на Балканот од 1995 до 2005 година во говор пред студенти на Универзитетот Арканзас побара јавно претседателот Трамп да се откаже од изолационизмот како опција и да се вратат американските вредности како клучни елементи на американската надворешна политика.

Пердју пред да дојде за американски претставник на Балканот во администрацијата на Клинтон работел како воен разузнавач а има вкупно 28 години искуство како офицер во армијата на САД.

Според Пердју во балканските конфликти токму американската интервенционистичка политика помогнала да се намалат тензиите и да се затворат конфликтите.

„Тоа беше американското водство, посветеноста на Холбрук и одлуката САД да се инволвира и да ги мобилизира нациите на светот, тоа беше причината поради која светот се заинтересира светот и да биде решен проблемот“, изјавил Пердју.

фото: арканзасбизнис.цом