Центарот за лечење на зависности во Лос Анџелес објави дека веќе спроведува медицински третман врз тешките зависници од дроги, лечејќи ги со канабис. Основачот на Клиниката за рехабилитација Хај Собрети, Џо Шранк вели дека делува иринично, тие што се “навлечени” на тешки дроги, да се лечат со друга дрога, но досегашните примери покажуваат дека детоксикацијата со канабис им помага на долгогодишните зависници од тешки дроги.

Центарот се пофали дека до сега работел со 50 пациенти, кај кои, била намалена апстиненцијалната криза, и кај кои, бил забележан напредок во лечењето. На оваа акција на Центарот од Лос Анџелес се надоврза и Универзитетот Оксфорд кој објави дека вложува 10 милиони фунти во подрачјето за кое се вели дека е “недоволно истражено, а дава огромни можности во лекувањето на разни болести”.