Британскиот новинар и аналитичар Тим Џуда ги спореди северно ирските унионисти односно Демократската унионистичка партија која што е коалиционен партнер на конзервативците во новата влада на Тереза Меј со ДУи на Али Ахмети.
Џуда кој е одличен познавач на Балканот и долгогодишен дописник на низа британски медиуми од Балканот во одговор на српски аналитичари кои ДУП ја споредуваат со парамилитантите на Аркан ирската политичка група која своевремено имала терористички активности ја споредува со партијата на Али Ахмети.
„Не , ДУП е британски еквивалент на македонската ДУИ. „Кингмејкер“ со парамилитанти корени“, одговара Џуда на постот на српскиот аналитичар Срѓан Вучетиќ на социјалните мрежи кој вели дека членовит не ДУП не само што звучат како балканските партии туку и личат на некои од нив како на пример на партијата на Аркан.
Според британскиот речник „Кингмејкер“ (kingmaker) е лице или група која што има големо влијание при именување или назначување на крал или на политички личности но притоа тие самите не се соодветни кандидати да бидат лидери.
Кингмејкерите можат да користат политичко, финансиско , верско или воено средства влијание за да влијаат на изборот.