Аргентинскиот тренер на Севиља Едуардо Беризо им соопштил на своите играчи дека боледува од тешката болест на полувремето од мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите и предизвикал шок кај нив. Во тој момент на Рамон санчез Писхуан стадионот беше 0-3, по што „Севилитас“ истрчаа да изгорат за својот учител. Резултатот на крајот беше 3-3, а при израмнувањето во продолжението имаше многу емоции, кои во првиот момент му се припишуваа на превсртот, но имало и нешто плус.
Беризо има 48 години и најверојатно, според играчите кои ја пренесоа веста веднаш ќе замине од клупата на Севиља за да се лекува.

https://youtu.be/QSLNNiTaF00