Турските медиуми се убедени дека нападот на Фенербахче на реванш дуелот од плеј офот во ЛЕ ќе го предводи Роберто Солдадо и дека извонредниот Холанѓанец нема да биде во првиот состав. Така тимот од Шукри Сарачоглу стадионот ќе биде сериозно ослабен бидејќи в четврток не игра и поцрвенетиот во Скопје, Бразилецот Соуза. Со тоа делува дека шансите на Вардар за пласман во групната фаза за Лигата на Европа уште повеќе се зголемија бидејќи двајцата требаше да бидат стартери во утре од 19.30, па и во целата оваа сезона.

Инаку најскапиот и најдобриот напаѓач на Фенербахче, Ван Перси беше жестоко критикуван за слабиот настап на дербито против Трабзон (2-2), за денесна да биде обелоденето дека Холанѓанецот има грип, поради што не тренирал и најверојатно нема да биде во комбинација за дуелот со „црвено-црните“ од Скопје.