Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да го исполни ветувањето и,да го официјализира фракционерството во партијата а тоа да се направи со усогласување на статутот со статутите на сестринските партии од Европската народна партија,бараат ФРОДЕМ и Иницијативата за реформи во опозициската партија,

Тие од денеска најавија дела ќе делуваа заеднички и како фракција на ВМРО-ДПМНЕ.

Иницијаторите на фракцијата, како што пренсе „Телма“ не открија кои пратеници се на нивна страна, но велат дека, зад нив стоеле голем број од месните комитети и општинските организации кои бараат да се формира тело што ќе се спротивстави на партиското раководство.

Во овој момент, статутот на ВМРО ДПМНЕ не предвидува фракционерско делување внатре во партијата.