Косовскиот премиер Рамуш Харадинај побара од ЕУ да најде начин петте членки кои не го признале „да не ја блокираат натамошна европска перспектива за Косово“.
Според него, на Белград така ќе му биде полесно да ги нормализира односите со Приштина.
Харадинај во интервју за Виенскиот печат „Пресе“ рече дека фактот што пет земји на ЕУ сé уште не го признаваат Косово и дека нема договор со Србија „не го олеснува животот“.
Косово прогласи независност на денешен ден во 2008 година, а од тогаш го признале повеќе од 100 земји во светот.
Косово стана членка на неколку меѓународни организации како ММФ, Светската банка и ФИФА, но не и дел од Обединетите нации.
Меѓу земјите на Европската унија кои не го признаа Косово се Шпанија, Словачка, Кипар, Грција и Романија, а кога станува збор за светските сили, тука меѓу другите се Русија, Кина, Бразил и Индија.