Досегашниот тренер на Севиља, Хорхе Сампаоли е именуван синоќа од страна на Аргентинската фудбалска федерација за прв човек на клупата на Гаучосите. Тие се соочуваат со енормен број на проблеми во тековните квалификации за Светското првенство во Русија, следната година, и 57. годишникот роден во Санта Фе, практично треба да ги спасува.

Аргентина во моментов е на петтата позиција во Јужноамериканските квалификации со 22 бода, а тоа место не води директно на Мундијалот, туку во бараж, настрана што ни тоа не е осигурено бидејќи следниот Еквадор има само два бода помалку. Претхпдникот на Сампаоли, Едгардо Бауза не се прослави на селекторската фотеља и по три пораза за шест месеца, нешто незапамтено за Аргентина, доживеа елиминација пред во месец март. Оттогаш се зборува за Сампаоли, па одлуката е сосема очекувана, особено што и Лионел Меси даде целосна поддршка за човекот кој нема значајна играчка, но затоа има одлична тренерска кариера чиј досегашен врв е освојувањето на Копа Америка со Чиле во 2015. година.