„Ги исполнувам сите услови и критериуми за да бидам избрана на оваа позиција“, изјави Арта Марку која денес беше избрана за главен обвинител на Албанија.

Опозоциската Демократска партија е убедена дека изборот е наменски и политички за да се скриеле неправилностите и имотите на луѓето од власта, а не дека се работи за професионален кадар.

Сепак, 69 од 76 присутни пратеници гласаа за изборот на Марку.

Поради ова има протести пред албанскиот парламент , а во собраниската сала беше фрлена чадна бомба.