Кога ќе се спомене торта, морам да признаам дека веднаш помислувам на Реформ. Вистинска класика и кралица на десертите. Ако не сте ја пробале, сега навистина е моментот за тоа!

Потребни состојки:

-12 јајца
-500 гр шеќер
-300 гр мелени ореви
-200 гр чоколадо за готвење
-300 гр путер
Начин на подготовка:
Ги матите белките со 250 грама шеќер и кога ќе добиете цврст снег додадете ги оревите. Од оваа смеса испечете четири кори. Секоја кора печете ја околу 20-25 минути на 180 степени. На пареа, мешајќи постојано, варете ги жолчките со останатиот шеќер и кога жолтиот фил ќе се згусне додадете изрендано чоколадо, и мешајте да се растопи. Со оладениот крем филувајте ги корите и премачкајте ја целата торта.