Дали некој можеше да верува дека кошаркарската сезона во Македонија ќе ја одбележи Суринамец или Холанѓанец, како сакате?
Никогаш.
Но, мирниот, тивкиот, неверојатно борбениот бек на МЗТ Скопје, вистински експлодира кога најмногу требаше, во финалето на шампионатот, кога на многумина рацете им се тресеа, кога повеќето се скрија. Затоа 27 годишникот од Парамарибо на Суринам, блескаше и водеше до титула. 29 поени, 7 скока, 5 асистенции и диригентска палка во рацете во целиот пеколен натпревар.
Навивачите во Аеродром, а тоа е средина што знае кошарка, сега имаат нов миленик. Шарлон Клоф.