Шест дена во Кина без виза!

Пекинг и два соседни региони во Кина прифатија политика на шестдневен престој во таа земја за  државјани од 53 земји.

И граѓаните на Македонија се опфатени со мерката која стапи во сила во четвртокот.

Новата политика – 144 часа без виза – се однесува на градот Пекинг, градот Тијанџин и Хебеј. Претходно, во овие градови можеше да се остане без виза само 72 часа.

Патниците од странство ќе можат да влегуваат преку меѓународниот аеродром во Пекинг, Западна железничка станица во Пекинг, Меѓународниот аеродром Тијанџин Бинхаи, Меѓународното пристаниште Тјанџин… меѓународниот аеродром Шиџацхуанг Женгдинг и пристаништето Кинхуандао.

Посетителите кои патуваат во регионот Пекинг-Тјанџин-Хебеј мора да се пријават во полицијата во рок од 24 часа ако престојуваат на друго место освен во хотел.

Земјите вклучени во шемата за безвизен режим од 144 часа од Европа се Албанија, Белорусија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Кипар, Хрватска, Ирска, Македонија, Монако, Република Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Велика Британија и Украина.

Од земјите од Шенген зоната се Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Швајцарија.

Без визи ќе патуваат и граѓани од САД, Канада, Бразил, Мексико, Аргентина, Чиле, Австралија, Нов Зеланд.

Од азиските земји: Јужна Кореја, Јапонија, Сингапур, Брунеи, Обединетите Арапски Емирати и Катар.