Што навистина ќе се гради во Демир Капија?

Шпекулација е информацијата на социјалните мрежи дека Меѓународната организација за мигранти (ИОМ)  ќе гради бегалски камп во Демир Капија. Овие информации ги демантираат и ИОМ  и од Министерството за труд и социјала под чија надлежност е Центарот за згрижување лица со посебни потреби.

Според ИОМ се работи за реновирање на руинираниот објект за потребите на Министерството и болните кои што се сместени таму а не за бегалски камп.

Демантира и од довчерашниот министер за труд и социјала, Ибраим Ибраими.

„Тоа се чисти дезинформации. Нема да се градат нови објекти. Се работи само за реконструкција на постојните кои ќе бидат наменети за лица со посебни потреби.

Инаку, во Македонија во моментов има два центри за бегалци, во Гевгелија и кај Табановце и во нив има по 20-тина лице. А за евентуална изградба на каков било камп одлучува владата, а не која било меѓународна организација.

ИОМ на 25 април го објави јавниот повик за реконструкција на депандансот на специјалната установа во Демир Капија што на социјалните медиуми беше објаснето како најава за изградба на бегалски камп каде што би се сместиле бегалците кои што во иднина ќе пристигнуваат во земјата.