Ќе добиеме гас од Грција

Новата влада во Скопје ја изрази својата посветеност на проектот за интерконекција на грчкиот и македонскиот систем за природен гас за време на вчерашната работната средба помеѓу претседателот и главен извршен директор на грчката компанија ДЕСФА, Сотири Ника и Митко Адреевски, советник за енергетика на БЈРМ, Зоран Заев, пишува „Нафтенборики“.

ДЕСФА е национален оператор на системот за пренос на природен гас во Грција, основан во март 2007 година. Покрај системот за пренос, компанијата управува и со грчките мрежи за дистрибуција на гас и со единствениот терминал за складирање на природен гас во Грција, Ревитуса, кој се  наоѓа северно од Атина.

На состанокот, исто така, бил оценет напредокот на проектот и биле разгледани следните чекори за изградба на гасоводот што ќе ги поврзува двете земји, „што ќе и овозможи на БЈРМ да има директен пристап до алтернативно снабдување со гас од Грција, како и до други проекти дизајнирани за регионот“ пишува грчки „Либерал“.

Во исто време, како што посочил операторот, ќе се создаде нов пазар за природен гас,  поконкретно за либискиот природен гас, кој по завршувањето на третиот резервоар во терминалот ќе биде далеку подостапен.