Повеќе од 80 отсто од граѓаните на Полска го одобруваат членството во ЕУ , но ова одобрување може да се опише како површно.

Повеќе од 70 отсто од Полјаците не сакаат да се приклучат на еврозоната, а само половина од испитаниците би гласале за воведување на еврото како валута, доколку тоа биде услов за да се остане во ЕУ.
Дополнително, симпатиите за Европската унија ќе продолжат да се намалуваат доколку членството во ЕУ е поврзано со прифаќањето на бегалци.

Партијата „Право и правда“ на Јарослав Качински има прагматичен став кон ЕУ и очекува придобивки, како на пример употребата на средствата од дарежливите фондови на Унијата, но без , за возврат да прифати бегалци.

Партијата на своите гласачи објаснува дека полското членство во ЕУ е „нешто што мора да биде”, бидејќи само тогаш Варшава може да има влијание во ЕУ, пред се на политиката на Унијата кон Русија. Во исто време, владата и медиумите блиски до земјата даваат негативна слика за ЕУ, слична на онаа што можеше да се види во Велика Британија пред „”брегзит“.

Се чини дека оваа земја денес е во еден маѓепсан круг. Нејзиниот статус во Европската унија од 2015 година се влоши, пишува „Дојче веле“.

Тоа може да ја зголеми фрустрацијата, и во владата и во полското општество, па дури да доведе до спроведување на референдум за членството на Полска во ЕУ по примерот на британскиот „брегзит“.

Опозицијата веќе предупредува дека политиката на Јарослава Качински може да ја доведе Полска во „Пол-егзит“.