Џон Хејл ја обожава атракцијата „Radiator Springs Racers“, инспирирана од филмскиот хит и како голем ентузијаст го посетил дури 10.000 пати за пет години.
Хајл „Radiator Springs Racers“ започна да го посетува во 2012 година, веднаш по неговото отварање на Дизниленд во Калифорнија.
Првиот ден се возел седум пати, а за шест месеци тој веќе стигнал до 56 возења.
До јубилејното 300. возење, никој од персоналот на Дизниленд не го забележал. За време на тоа возење, тој носел табла со бројот 300, а на крајот бил пречекан со овации.
Во една прилика тој се возел 30 пати во истиот ден за да стигне до 2.400 возења. Ова е прв пат да биде забележано дека некој е толку вљубен во атракциите на Дизниленд.