Започнаа манифестациите по повод одбележувањето на 1.000 годишнината од создавањето на Охридската архиепископија, а централната манифестација ќе се одржи вечерва во катедралата „Света Софија’ во Охрид.

На свечената академија е предвидено обраќање на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, владиката Тимотеј, митрополитит на Дебарско-кичевската епархија, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов како и премиерот Зоран Заев.

Пригоден концерт ќе има Камерниот оркестар на македонската Филхармонија во чии рамки ќе настапат и оровите на братствата на манастирите „Рајчица“ и „Свети Јован Бигорски“.

Во галеријата на „Света Софија“ ќе биде отворена и изложба на уметнички портретина македонските архиепископи.

Одбележувањето на јубилејниот еден милениум Охридска архиепископија , започна синоќа со концерт на женскиот црковен камерен хор „Света Злата Мегленска“ во културниот центар „Григор Прличев“ во Охрид, јавува МИА.

Оставете Коментар