„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“, е прашање на кое в недела на референдумот се поканети да се изјаснат 1.806.336 гласачи со право на глас.

Утре ќе гласаат болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор, затворениците, како и државјаните на Република Македонија во странство.

Од синоќа на полноќ заврши јавната пропаганда и започна 48-часовниот молк пред изјаснувањето на граѓаните.

Гласачките места на 30 септември ќе бидат отворени од 7 часот до 19 часот.

Референдумот ќе го надгледуваат околу 12 илјади домашни и речиси 500 странски набљудувачи.

SHARE

Comments are closed.