104 доживотни казни за обидот за државен удар во Турција

Дури 104 лица беа осудени од турски суд за нивната вмешаност во неуспешниот обид за државен удар што се воедно и најтешките казни изречени за настаните во 2016 година, пишува „Хуријет“.

Според турскиот весник, судот во Измир оваа најтешка казна според турските закони им ја изрече на 104 од 280 обвинети.

21 лице беше осудено на по 20 години затвор, додека 31 други беа осудени на 10 години затвор и шест месеци за „вмешаност во терористичка организација“, јавува „Хуријет“.

SHARE