Младата машка ракометна репрезентација денеска ги започнува натпреварите на Светското првенство во Алжир. Во првиот меч од групата Ц од 15 часот се среќаваме со Русија и не е најјасно што може да очекуваме. Ривалот е големо име според бројот на медали од натпреварите во оваа старосна категорија и со голема традиција на сениорските шампионати, но и ние располагаме го една многу талентирана селекција во која носители се бековите Талевски и Кузмановски.

“На хартија ние сме една од најталентираните генерации, но тоа треба да се покаже и на терен. Дел од нас сме веќе и во сениорската репрезентација и тоа искуство треба да го искористиме  и да се обидеме на ова СП во Алжир да постигнеме успех” , вели играчот на Рајн Некар Левен Талевски.

Освен натпреварот на Македонија и Русија денеска во нашиот состав играат и Шпанија-Бразил односно Тунис-Буркина Фасо. Првите четири од секоја од четирите групи одат во втората елиминациска фаза во осминафиналето.