Без работа останаа 130 текстилни работнички! (ВИДЕО)

Loading...

На 130 текстилни работнички од конфекциската фабрика „Македонија гармент индустри“ им било соопштено дека фирмата се затвора.

Според Канал 5, сопственик на фабриката е Марсел Мелес, Холанѓанец, познат како сопруг на актерката Синоличка Трпкова, но секој обид да се стапи во контакт со Мелес биле безуспешни.

Нема информации зошто се прекинува производството и што е со неисплатените плати, а дел од работничките сметаат дека газдата го сели бизнисот во соседството.