18 лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Сибир

Хеликоптер Ми-8 се урна во регионот Краснојарск во Сибир, при што загинаа 15 патници и 3 членови на екипажот.

Хеликоптерот, на авиокомпанијата Утаир, пренесувал работници на платформа за нафта.

Несреќата се случила кратко време по полетувањето, резервоарите биле полни со  гориво што беше и причина по „тешкото слетување“ целосно да изгори.

Според руските медиуми, пред несреќата, хеликоптерот со пропелерот имал „контакт“ со друг хеликоптер кој не претрпел штета.

SHARE