190 години грчко – руски односи, Ципрас оди во Москва

Натамошното зајакнување и продлабочување на билатералната соработка за финансиските, енергетските и културните прашања, како и дијалогот за регионалните прашања ќе бидат во фокусот на посетатана грчкиот премиер Алексис Ципрас на Москва.

Посетата на грчкиот премиер се одржува по повод 190 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Ципрас на 7 декември ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин и со премиерот Дмитри Медведев.

Се очекува да се дискутира за можностите за руски инвестиции во Грција и можноста за зголемување на грчкиот извоз во Русија.

Улогата на Грција како столб на стабилноста и безбедноста на Балканот и источниот Медитеран, кипарското прашање и стабилната позиција на Русија за фер и одржливо решение, изгледите за Либија и Сирија и односите меѓу ЕУ и Русија, исто така, ќе бидат дискутирани, пренесува АНА-МПА.

Грција протерува руски дипломати!

 

SHARE

1 Коментар

  1. СЕГА КОГА РУСИЈА КЕ ПОКРЕНЕ РАСПРАВА ВО СБ НА ООН, ЦИПРАС САКА ДА МИНИРА МОТИВИТЕ НА РУСИЈА ЗА БЛОКИРАЊЕ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР!

    КАКО И ДОСЕГА АКЦИЈА ОД МАКЕДОНСКА СТРАНА НЕМА!!!

Оставете Коментар