Најмалку две милијарди луѓе живеат во просек по 3,2 долари дневно,  објавено е по повод Светскиот ден на хуманитарната помош.

Од нив, сури 753 милиони луѓе живеат во тешка сиромаштија со приходи од 1,13 долари на ден.

Ова се застрашувачки бројки во светот каде најбогатите луѓе на кои сочинуваат само 1 процент од светската паопулација располагаат со половина од светското богатство.

Супер богатите, според податок од 2017 располагаат со 140 билиони однсоно 140 илјади милијарди долари што е 50,1 отсто од вкупното светско богатство.

Ворен Бафет, кој е на 3 место на листата на билионери на Форбс, заработува американска просечна плата од 51.000 долари за две минути, односно 37 милиони на ден, 1,5 милиони долари на час, а 25,600 долари во минута.

Наспроти нив, поради конфликтите и природните катастрофи минатата година во светот, повеќе од 200 милиони луѓе имаат потреба од меѓународна хуманитарна помош.

Конфликтите во Сирија, Јемен и Јужен Судан наведоа милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Генералното собрание на ОН во август 2008 година го усвои Светскиот ден на хуманитарна помош на 19-ти август.

SHARE