Двесте грчки пратеници ќе поддржат договор со Скопје – само ако…

Поддршка од дури 200 пратеници би можел да добие договорот околу прашањето за името во грчкиот парламент доколку тој биде одржлив и ефективен и доколку северниот сосед го исполни и барањето да го смени својот устав.

Грчкиот весник „Катимерини“ потсетува дека Европска комисија побарала мнозинството потребно грчкиот парламент да го ратификува кој било договор склучен со Република Македонија да се зголеми на 180 гласови (наместо 151 од 300 пратеници), со што би го поддржале три петини од пратениците.

Авторот на статијата забележува дека со ова се врши директен или индиректен притисок и опозицијата да го поддржи таквиот договор, зошто покрај владите во Скопје и во Атина и „опозициските партии, исто така, имаат улога и одговорност, како експоненти на значаен дел од двата народа и како потенцијални идни влади“.

„Катимерини“ подучува дека главната опозициска партија во Грција, Нова демократија на Кирјакос Мицотакис, би можела да гласа за договорот, но само откако ПЈРМ ќе го промени својот устав во преодниот период и кога сите услови поставени од Атина би биле целосно исполнети.

Дотогаш и доколку договорот предвидува преоден период и зависи од внатрешните процеси во седната земја – избори, референдум – тогаш неприфаќањето во почетокот на договорот од Нова демократија „би можело да функционира како заштитна мерка за грчката страна“.

Ако Скопје исполни сè, мнозинството во грчкиот парламент во второто гласање би можело дури да надмине 200 гласа, задоволувајќи ги не само потребите на двете земји, туку и на секоја искрена трета страна.

 

1 Коментар

  1. Од 1993, Грција подразбира само ПРОМЕНА на Уставот, со ЦЕЛ ПРОМЕНА НА ИДЕНТИТЕТОТ! И НИШТО ПОМАЛКУ ! Со други зборови од стартот со Рез 817. се работи за ФЛАГРАНТНОТО и НЕВОЗМОЖНО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ И ИДЕНТИТЕТ на Македонија! Постојат два НЕЛЕГЛНА дополнителна Услова при приемот на ова држава во ООН, кои во време трансцедираат чин на ПРИЕМОТ во ООН (те. траат по чин на приемот во ООН, а треба да имаат СВРШЕН КАРАКТЕР!): 1. РЕФЕРЕНЦАТА БЈРМ (трае по чин на приемот во ОН), 2. ПРЕГОВОРИТЕ за ИДЕНТИТЕТ (трае по чин на приемот во ОН, а треба да имаат СВРШЕН КАРАКТЕР). Според Пвелбата на ООН сите Услови за Прием во ООН треба да се исполнети ПРЕД прием во ООН и имаат СВРШЕН КАРАКТЕР!! Овие наведени услови меѓу кои спаѓа носење на РЕФЕРЕНЦАТА БЈРМ (првиот услов) и ПРЕГОВОРИТЕ за ИДЕНТИТЕТ (втор услов, уз првиот Реферирање) немаат СВРШЕН КАРАКТЕР и СЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ за Прием во ООН, и според Судскиот став од 1948 г. тие СЕ НЕЛЕГАЛНИ, а ставот на СУД МСП е прифатен со Рез. 197/3 на Генералното собрание на ООН 1948, како толкување на Повелбата на ООН! Политички консидерации на Советот за безбедност НЕ влијаат врз ЕГЗОСТИВЕН правен карактер на НОРМАТА за приемот во ООН од член 4. на Повелбата. Моќ на СБ овде е ОГРАНИЧЕНА со Повелбата на ООН! Така 1948, со одлука на Генералното собрание, мимо ВЕТО во СБ на ОН влегле во членството на ООН 7 држави за кои претходно немаше СОГЛАСНОСТ дадена во СБ на ООН. Во случај со Македонија Не се дерогира ПРЕПОРАКА на СБ (817), бидејќи Препораките НЕ се предмет на дерогирање, ТУКУ се дополнува/менува РЕЗОЛУЦИЈАТА на Генералното собрание која содржи ОДЛУКА за пријем!
    Се носи нова ОДЛУКА – Резолуција на Генералното собрание на ОН со која се продолжува членството во ООН под името Република Македонија!https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un/u/22396138

Comments are closed.