2200 нови вработувања: Стратегијата на ДУИ за референдумот

Еден од факторите за успешен референдум е максимална излезност на гласачите Албанци на 30 септември.

Иако најголем број од граѓаните Албанци на анкетите де изјаснуваат дека ќе гласаат ЗА на референдумот сепак владеачката ДУИ подготувува стратегија со цел процентот на излезност да се движи близу 100 од тие што се во земјава.

Дел од стратегијата е да се допре и до гласачите на Алијансата за Албанците на Зијадин Села кој што најавува дека е против Референдумот односно против Преспанскиот договор кој не ги задоволува етничките барања на неговата партија.

Според владини извори од албанскиот блок стратегијата на ДУИ предвидува договори за 2000 Албанци на 6 месеци во Владата преку привремени вработувања со ветување за трајно решение ако референдумот успее.

Овие 2000 вработувања би оделе по истиот принцип по кои беа вработувани “Рамковните” за кои по десет години седење дома сега се бараат регуларни вработувања во администрацијата.

Втората точка во стратегијата на ДУИ е работувања на околу 200 млади Албанци во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор.

Овие 200 позиции треба да бидат понудени на 200 најголеми и највлијателни фамилии во Македонија бњз разлика на нивната партиска припадност.

Со вработувањата треба да се добие најширока јавна, медиумска и логистичка поддршка за референдумот.

Со овие две мерки за вработувања и со неколку други ДУИ ќе се обиде да го амортизира незадоволството кај Албанците кои се незадоволни од тоа што во Договорот со Грција
се брише албанската историја од Македонските учебници на албански јазик поврзан за Чамите и топонимите кои што се користат за населени места во Грција од страна на Албанците во Македонија.