„24 часа“: Македонците се измислена нација

Loading...

„Бугарија треба да има јасна и обмислена позиција во врска со спорот за името и таа треба да биде поддршка за Грција, зошто титово-коминтернскиот клик краде идентитет не само од Грција, туку и не помалку од Бугарија“, пишува во својата редовна колумна главниот уредник на бугарскиот весник „24 часа“, Бранислав Зимблулев.

„Бугарија беше многу горда со непризнавањето на македонскиот јазик, но од друга страна, со признавањето на македонската држава ние признаваме дека на нејзината територија, всушност, живеат луѓе кои не се Бугари. Вистината е најдобрата политика. Како што е вистина што Александар Велики нема ништо заедничко со Киро Глигоров и Зоран Заев, така е вистина и дека т.н. Македонци се титово-сталинистичка измислица за обезбугарување на вардарскиот тек и присоединување кон Србија“, пишува Зимблулев во својата колумна за бугарски „24 часа“.