Најголемото езеро во светот што се протега низ Европа и Азија полека испарува, што резултира со пад на нивото на водата во стапка од седум сантиметри годишно. Имено, Каспиското Езеро е под влијание на овој феномен уште од 1997 година, а научниците конечно ја откриле причината за тоа.

Сега езерото е на ниво само еден метар над историскиот минимум измерено кон крајот на 70-тите години од минатиот век. Каспиското е најголемо езеро во светот и има сол во него, па затоа го нарекуваа Каспиското Море, а објаснувањето за промените во нивото на водата е глобалниот пораст на температурата како резултат на климатските промени, заклучија научниците од Универзитетот во Тексас.

Тие објаснуваат дека високите температури нa воздухот над езерото предизвикува зголемено испарување. Нивото на водата се менува во текот на неколку векови, а испарувањата предизвикани од топлите температури имаат најголемо влијание врз нивото на водата.

Површината на Каспиското езеро е неверојатни 371.000 квадратни километри, а покрај огромните резерви на нафта и природен гас, тоа е и важен извор на риби за земјите во неговата околина. Ако овој тренд на испарување продолжи, езерото кое се наоѓа во областа меѓу Русија, Казахстан, Иран, Азербејџан и Туркменистан ќе бидат загрозени многуте животински видови таму, а на крајот тоа ќе има последици и за луѓето, убедуваат научниците.

Оставете коментар