Научниците кои веќе неколку години изолирано проучуваат мала група на орангутани во северна Суматра рекоа дека откриле нов вид на голем мајмун.

Група научници од Универзитетот во Цирих, и од Универзитетот во Ливерпул „Џон Мур“, како и членовите на Програмата за заштита на орангутаните на Суматра кои оваа област прв пат ја посетиле во 1997 година, докажаа дека во таму егзистира нов вид на орангутани, кој е сосем различен од останатите.

Научниците стравуваат дека најновиот член на семејното стебло на орангутаните не може да преживее долго време. Всушност, постојат многу малку од нив, само околу 800, а нивното живеалиште е многу расцепкано и затоа се во опасност од исчезнување.

Ова инаку е трет вид на орангутани со Суматран и Борнео.

Оставете коментар