3.000 медицински сестри ја напуштија Албанија годинава

Асоцијацијата на медицински сестри на Албанија соопшти дека во периодот јануари – август годинава , земјата ја напуштиле приближно 3.000 медицински сестри, а стотици се подготвуваат да заминат откако ќе ги положат испитите за познавање на германски јазик.

Во последните неколку години, земјата ја напуштаат и општи лекари и специјалисти.

Иако точниот број не е познат, се претпоставува дека повеќе од 1.200 лекари ја напуштиле Албанија во последните четири години. Причината е ниските плати, дознава БГНЕС.

SHARE

Оставете Коментар