Вардар и Шкендија од 14 часот ќе се соочат во фудбалскиот Куп зошто жрепката сакаше убедливо најквалитетните во земјава да се пресметаат уште во четврт-финалето. Истото заврши за три четвртини од двојките одамна, а поради обврските на Вардар во групната фаза од Лига Европа, Пелистер, Академија Пандев и Ренова подолго го очекуваат последниот патник и придружник за полуфиналето. Него нема да го дознаеме оваа среда за кога е предвидена првата, скопската средба, туку по реваншот во Тетово за две недели.

Од меѓусебните, од статистиката за оваа пригода извлекуваме. Пред една седмица во Тетово одиграа 1-1, сезонава во првенството Шкендија победи дома, па Вардар возврати пред своите гледачи. Тетовци водат со 8 бода разлика во шампионатот, но Вардар е првак од лани. Во Купот последен пат се најдоа еден против друг, лани во полуфиналето, а Шкендија беше подобра со вкупни 3-2.

Вардар инаку вчера информира дека со цел безбедност на сите денеска ќе отвори само две трибини од арената Филип втори и дека билетите ќе се купуваат само со лична идентификација.