Штетата од војната во Сирија е 388 милијарди долари

Loading...

Седумте години војна во Сирија предизвикаа уништување кое се проценува на близу 400 милијарди долари.

Бројката беше објавена по дводневниот состанок на повеќе од 50 сириски и меѓународни експерти во соседен Либан, чиј домаќин беше Економската и социјалната комисија на ОН за Западна Азија (ESCWA).

Според ESCWA, обемот на уништување се проценува на повеќе од 388 милијарди долари.

Во оваа бројка не се вклучени „човечките загуби како последица на смртни случаи или губење на квалификувана работна сила поради раселување, кои се сметаа за најважни фактори за сириската економија”.

Повеќе од половина од предвоеното население во Сирија ја напуштиле земјата или се внатрешно раселени во текот на изминатите седум години.

Оставете Коментар