Службите се одговорни за уредите за прислушување во кабинетот на премиерот

Во врска со можноста во неговиот кабинет да има поставени уреди за прислушување, Заев верува дека од страна на соодветните служби ќе биде осигурана професионалноста на функционирањето на премиерот.

Ова е одговорот на новиот премиер на прашањето дали постои можност поранешната влада да инсталирала прислушни уреди со цел да ги следи неговите состаноци  и комуникација.

Вообичаено еден од првите чекори на секоја нова влада кога ќе ја преземе власта е именување на лојални луѓе од МВР и останатите безбедносни служби кои се грижат за безбедноста на премиерот вклучително и за безбедноста во неговиот кабинет.

Според неофицијални сознанија на expres.mk за време на последната реконструкција на владината зграда која што заврши пред нецел месец во кабинетот на премиерот и во салата за состаноци каде што се одржуваат владините седници се вградени специјални електронски заштитни системи кои што спречуваат било какво следење на разговорите меѓу членовите на владата.