Педесет илјади бегалци на просторот меѓу Грција и Хрватска

Нема знаци дека мигрантската криза како онаа во 2015 и 2016 година кој ја шокираше Европа, ќе се повтори во обем и интензитет, соопшти Високиот комесар за  бегалци на ОН (УНХЦР) во Сараево.

Помеѓу 40 и 50 илјади бегалци од земјите од Африка и Азија се наоѓаат на просторот помеѓу Грција и границата со Хрватска, во обид да стигнат до земјите од Западна Европа.

Ане-Кристин Ериксон, претставничка на УНХЦР за Југоисточна Европа изјави дека бегалската криза е под контрола поради променетиот став на турските власти кон бегалците, особено кон оние од Сирија, но и поради подготвеноста на меѓународната заедница која покажа подготвеност да им помогне на земјите во кои престојуваат бегалци.

Ериксон рече дека по затворањата на бегалската рута преку Словенија и Хрватска имало стравувања дека ќе се отворат нови коридори за масовнен бегалски бран, но тоа не се случи, иако беа отворени некои нови алтернативни „преминии“ преку Албанија, Црна Гора и БиХ.

Лани босанската полиција спречи 913 мигранти да влезат во земјата, а бројот на баратели на азил бил 376.

Само годинава, регистрирани се 77 баратели на азил, а Ериксон препорача босанските власти да ги држат отворени границите за оваа категорија на луѓе.