Од понеделникот до денес и откако американските акции забележаа пад три дена по ред, најбогатите 500 луѓе на планетата загубиле вкупно 128 милијарди долари, соопшти „Блумберг“.

Американски милијардери загубиле вкупно 55 милијарди долари, а зад нив следат најбогатите Кинези, кои се простија од 14 милијарди долари.

Најголема сума загуби американскиот инвеститор Ворен Бафет, и тоа 3,74 милијарди долрари, па сега неговото богатство изнесува „само“ 86,7 милијарди.

Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукербер, останал без 3,71 милијарди долари.