Европски бунт против Германија – Македонија чека разврска

Покрај Чешка и Унгарија понудата за билатерален договор со Германија ја одбиле уште десетина европски земји, се дознава од регионални и извори во Брисел.

Меѓу нив се Италија, Австрија, сите членки на Вишегардската група (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија) Словенија, Хрватска, Романија и Бугарија. Сите тие одбиле да потпишат билатерален договор со Меркел за враќање на мигрантите.

Според неофицијалните најави од Берлин во рок од 7 дена треба да почне враќањето на 2000 мигранти неделно во Грција која веќе постигнала договор со Германија.

Премиерот Заев деновиве изјави дека земјата не добила никакво барање за отварање на центри за мигратни од никого. Од владата нема информација дали и Македонија е меѓу земјите од кои се бара да ги вратат на своја територија мигрантите кои што пред влез во ЕУ биле регистрирани во земјава.

Најголемиот број мигранти воопшто не сакаат да останат во Македонија и тие по секоја цена продолжуваат да патуваат кон Германија како нивна главна дестинација.

1 Коментар

  1. Mekedonija cekala razvrska!? Kako ne be. Nagolemo se spremaat da gi primat tie sto Merkel ke ni gi prati.

Comments are closed.