Го презема ли бугарска компанија ФК Вардар?

По заминувањето на рускиот тајкун Сергеј Самсоненко, моќна бугарска компанија има намера да го купи најтрофејниот македонски фудбалски клуб ФК Вардар.

Од добро запознати извори, порталот Трибуна.мк добил информација дека рускиот милионер ќе биде наследен од голем бугарски конзорциум, што е подготвен да го спонзорира ФК Вардар на неодредено време.

Трибуна.мк кој е бизок на една нова политичка партија и на бугарски државни и партиски структури вели дека информацијата се уште не е официјално потврдена.

Според порталот, за директор на ФК Вардар се очекува да биде назначен поранешен играч на Вардар, кој играл во соседна Бугарија каде што ги бранел боите на еден од најпознатите фудбалски клубови.

Други медиуми денеска објавија дека ФК Вардар ќе го преземе градот Скопје.

Веста за преземањето на ФК Вардар доаѓа по веста дека за Бугарија сите со бугарски пасоши се Бугари.

Јотова: Во Македонија живеат над 71 илјади бугари (ВИДЕО)

2 Коментари

  1. ВЕРОЈАТНО ОВА Е НАПИШАНО ВО ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА НА ДРУГАТА /НЕВИДЛИВА/ СТРАНА. АСПИРАЦИИТЕ ЗАСЕГА СЕ ДЕКА ЌЕ СТИГНАТ ДО ВАРДАР А ПОТОА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ КОН ОХРИД. СО ТАКВИ ЦРПАЛКИ , ЈАГУРИДИ И ТЕНДЕРИ МОЖНО Е ОВА ДА СЕ СЛУЧУВА ВО ИДНИНА. КОЈ ЌЕ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА ОВАКВИТЕ НАМЕРИ ЌЕ БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ПРЕДАВНИК И ТЕРОРИСТ И ЌЕ МУ СЕ СУДИ ВО ТАКВИТЕ СУДОВИ ВО НАША МАКЕДОНИЈА!

Comments are closed.