,,Ругање со Христа” на Бојаџи, на филмскиот фестивал во Монтреал (ВИДЕО)

Македонскиот игран филм ,,Ругање со Христос,, е примен во официјална селекцијка на еден од најважните светски филмски фестивали во Монтреал.

Филмот кој е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија работен во соработка со продукции од Грција, Албанија и Словенија, е избран во официјалната конкуренција на престижниот фестивал од ,,А,, категорија ,,Montreal World Film Festival,, кој се одржува во Монтреал, Канада од 23 ти Август до 03 Септември.

Нашиот филм кој е селектиран во официјалната ,,World Selection,, ќе ја има својата светска премиера на 30 ти Август со гала претставување во 21.30 часот.

Синопсис на филмот

,,Александар Филипопулос (Љупчо Тодоровски, Македонија), новинар во познат политички магазин во Парис Франција, со потекло од Грција, во деновите кога неговиот личен и професионален живот е на раскрсница, добива писмо од Вани (Младен Крстевски, Македонија) инаку негов братучед од Грција дека татко му Лазар (Мето Јовановски, Македонија) умрел во Македонија. И се му се превртува наопаку!

Александар, во Франција драмтачично ја напушта неговата сопруга Магда (Јана Клејн, Франција) и од Парис се враќа во Атина а од таму во неговото родно место, селото Герман (Агиос Германос) на северот од Грција покрај Преспанското езеро.

Оттаму тој тргнува во потрага по вистината за тоа кој всушност бил неговиот татко Лазар Филиповски?! Потрагата ќе го однесе во Скопје и назад кон Грција. На тоа животно патување случајно со него ќе замине младата и егозтична Андреа Пападина (Јоана Пилиху, Грција), која бегајќи од дотогашниот напорен и комлициран живот на уметнички фотограф во големата Атина, на северот, во Македонија, ќе ги направи фотографиите на нејзиниот живот, низ нив раскажувајќи ни за мистеријата на заплетканите човечки, културни и политички односи помеѓу Македонија и Грција и Македонците и Грците”.