Пенс со поддршка за Преспанскиот договор на средбата со Заев

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изразил силна поддршка за Договорот од Преспа, кој според него кога ќе биде имплементиран ќе доведе до поголема сигурност и просперитет за целиот регион, јавува Гласот на Америка на Македонски јазик.

Потпретседателот на САД Мајк Пенс (рано изутрина по македонско време) се сретна со премиерот Зоран Заев од Република Македонија за да му честита на историскиот договор со Грција од Преспа за решавање на долгогодишниот спор за името меѓу двете држави и да му заблагодари за неговото лидерство што обезбеди да има договор, се вели во соопштението од Канцеларијата на потпретседателот во Белата куќа.

Потпретседателот Пенс изразил силна поддршка за Договорот од Преспа, кој кога ќе биде имплементиран ќе доведе до поголема сигурност и просперитет за целиот регион.

Потпретседателот и премиерот дискутирале за следните чекори на имплементација на договор, вклучувајќи го и претстојниот референдум на 30 ти септември и важноста сите граѓани да гласаат на овој критичен крстопат за иднина на државата.

Потпретседателот ја изрази неговата поддршка за државата додека се движи напред кон членство во НАТО и во ЕУ, објави ВОА.

Фото ВОА

SHARE

Comments are closed.