Почетокот на денот е клучен за тоа како ќе се одвиваат работите и колку енергија ќе имате за секојдневните обврски. Дали сте знаеле дека пиењето кафе наутро ви ја одзема енергијата? Доколку сакате да се разбудите среќни и полни со елан за новиот ден, практикувајте ги овие 6 совети.
Не одложувајте го алармот
Експертите за добар сон велат дека одложувањето на алармот не е добра идеја. Секогаш кога ќе го стиснете копчето и ќе продолжите да спиете, влегувате во нов циклус на сон кој не сте во можност да го завршите бидејќи наскоро алармот повторно ќе се активира. На тој начин се будите мрзеливи и уморни.


Истегнете го телото додека сте во кревет
Истегнете ги рацете и нозете уште додека сте во кревет. Што повеќе се истегнувате толку посреќни ќе се разбудите и ќе го продолжите денот со насмевка. Луѓето што спијат свиткани во кревет имаат поголема тенденција да бидат успани и под стрес.
Не проверувајте ја е-поштата
Проверувањето на е-поштата веднаш по станувањето ќе ве оддалечи од другите важни работи кои треба да ги направите. Фокусирајте се на попродуктивни работи наместо да останете на вашиот телефон.
Наместете го креветот
Средувањето на креветот е тесно поврзано со продуктивноста во текот на целиот ден. Верувале или не, оваа утринска навика е првиот чекор за работите да тргнат по правилен распоред.
Не пијте веднаш кафе
Во периодот од 8 до 9 часот наутро телото произведува големи количини на хормонот кортизол, кој ја регулира енергијата на телото. Доколку пиете кафе пред 9.30, вашето тело ќе ја намали продукцијата на овој хормон и ќе имате помалку енергија во текот на денот.


Не будете се во темна соба
Нашиот внатрешен часовник реагира на светлина и мрак. Доколку се будите во темна соба, недостигот на светлина прави да се чувствувате сè уште поспани и тешко ви оди да се разбудете. Отворете ги ролетните, дозволете да влезе светлина која ви е потребна за убав почеток на денот. Доколку надвор е сè уште темно, во тој случај вклучете светло