60.000 мигранти се движат кон Хрватска

Хрватската полиција која ја контролира границата кон Босна и Херцеговина добила наредба да воведе посериозни мерки поради зголемениот притисок од мигранти кои од БиХ сакаат да влезат на хрватска територија, дознава „Јутарњи лист“.

Иако ситуацијата денес не може да се спореди со онаа од поред две години, таа се уште е многу сериозна. Во последните неколку месеци околу 5.000 мигранти пристигнале во БиХ. Нивна единствена цел е да влезат во Хрватска од каде ќе заминат за Западна Европа. Се уште не сме забележале масивен обид да влезат во Хрватска…Доколлку најдат лесен премин, ќе се соочиме со стотици мигранти ..“ велат полицисни извори пишува „Total Croatia News“.

Според неофицијални извори, Словенија, Австрија и Германија обарале од Хрватска да ја зголеми контролата. Откако е воспоставена нова бегалска рута од Грција преку Албанија и Црна Гора до Босна и Херцеговина, откако беше затворена таа преку Македонија, Србија и Хрватска.

Притисокот н нота рут, наводно бил огромен, зашто на просторот на Грција и Албанија во моментот има помеѓу 50 и 60 илјади мигранти.

Според Слободан Ујиќ, директор на Одделот за странци во БиХ, од почетокот на овој месец во Босна влегле неколку стотици мигранти кои доаѓаат од Сирија, Либија, Авганистан, Палестина, Пакист, Алжир, Мароко, Тунис, Ирак и од Турција.

Оставете Коментар