Промовирана ,,Благодарам”, алатка за деца и возрасни

Во Скопје е промовирана интерактивната книга
,,Благодарам” која може да им помогне на сите родители на деца во развој но и на сите други кои сакаат да напредуваат на полето на комуникации со најблиските и луѓето со кои се во контакт.

Според авторката Ана Салтирова Давидовски книгата која е базирана на методологијата на НЛП (неуролингвистичко програмирање – методологија за личен и професионален успех која е произлезена од истражувањата што е клучната разлика помеѓу успешните и не толку успешните луѓе и како да ја премостиме таа разлика) има за цел да им даде алатка на родителите да поразговараат со децата на различни теми.

Преку книгата родителите и сите заинтересирани можат да увидат како нивните деца размислуваат, да стават фокус на позитивните работи во секоја од темите зошто неретко, преку својот пример, родителите ги учат децата да се фокусираат на работите што не се баш така добри.

За набавка на книгата контактирајте со katerina.zp@expres.com.mk

Фото: Маја Симовска