„Крај на преговорите за името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ“, “Никогаш повеќе војна“, „Простуваме но, не забораваме, бараме извинување и репарации!“, порачаа денеска организаторите на Петтата Светската средба на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Посебна порака со оваа содржина беше испратена до претседателите, владите и парламентите на Македонија и на Грција и до меѓународната заедница.

Свечениот собир започна претпладнево со полагање свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци во Парк Жена Борец, и продолжи во Домот на АРМ со Изложба “70 години од прогонот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија 1948-2018“.

Помеѓу 28 000 и 32 000 деца на возраст помеѓу 2 и 14 години, пролетта 1948 година организирано биле „евакуирани“ од страна на Демократската армија на Грција (ДАГ) пред „финалето“ на Граѓанската војна во Грција.

Со спогодбата помеѓу Привремената демократска влада на Грција и источноевропските земји (март–април 1948) Југославија прими 11.000, Романија 5.000 Чехословачка 3.000,Полска 2.500, Унгарија 2.800, Бугарија 2.500 и во Источна Германија 1.120 деца, на кои асо децении им беше забранувано да патуваат во Грција.

Цвеќе пред споменикот положија претставници од Кабинетот на претседателот на државата и од Светскиот македонски конгрес. Присутните извикуваа „Македонија, Македонија“.

„Ова е протест и против договорот за велепредавство меѓу Димитров и Коѕијас“, рекоа учесниците, пренесува Макфакс.

За  утре е планиран пикник на Катлановска бања со полагање свежо цвеќе на Споменикот на борците на ДАГ од Граѓанската војна во Грција 1946-1949, панихида со свештеници од Скопската епархија на МПЦ, поздравни говори и пригодна културно-уметничка програма.

11 Коментари

  1. Лудаци. Не беа само македонски деца евакуирани од Грција. Имаше околу 7 000 дечиња Грци.

  2. Liudaci ste ti i takvite kako tebe. Kako sto ste trgnale istoto i tuka ke se sluci sluci samo ne znam koj nas ke ne primi.

  3. Во право си Зоран. Вас никој не ќе сака да ве прими. Му се згадивте на сите во Македонија, а и на странците. Вие сте шака јада залутани од 19-ти во 21-ви век.

    • A da vas ke ve primi sekoj. Bez kicmi pa ke sluzite za opsto dobro kade i da otidete. Moze i subvencii ke vi davaat po edinica navednunvaje.

  4. САКАМ НА СИТЕ ГРАЃАНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОИ СЕ СО ПОТЕКЛО ОД ТОЈ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА, ДА ИМ ИЗРАЗАМ ПОЧИТ. ЗА СИТЕ ОСТАНАТИ ГРАЃАНИ И ЧИТАТЕЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ ДЕКА ТИЕ БИЛЕ ПРОТЕРУВАНИ, ПРОГОНУВАНИ, ИСТЕРУВАНИ ОД СВОИТЕ РОДНИ МЕСТА И ОГНИШТА. ТИЕ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ БЕГАЛЦИ ОД СВОЈАТА РОДНА ЗЕМЈА, МЕСТО, РОДЕН КРАЈ КАДЕ ИМ ОСТАНАА НИВНИТЕ ИМОТИ И ГРОБОВИТЕ НА НИВНИТЕ БЛИСКИ ПОЧИНАТИ ИЛИ УБИЕНИ ВО ТИЕ НАСТАНИ. ОВА Е НАЈГОЛЕМ ЕГЗОДУС НА БАЛКАНОТ ВО 20-ИОТ ВЕК ПОТПОМОГНАТ ОД ОСКАТА НА СИЛИТЕ НА ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ. ЗА ЖАЛ ТАКВИ НАСТАНИ И ДЕНЕС СЕ СПРОВЕДУВААТ НА ОВИЕ ПРОСТОРИ НА МАКЕДОНИЈА НО СО ,,СОВРЕМЕНИ,, МЕТОДИ, ШТО ЌЕ РЕЧЕ САМИТЕ ДА СИ ГИ СМЕНИТЕ СИТЕ АТРИБУТИ НА ДРЖАВАТА И НА НАЦИЈАТА А НАМ НЕ ИНТЕРЕСИРА САМО ТЕРИТОРИЈАТА СО БЕИМЕН НАРОД И ДРЖАВА!!!

  5. Вие сте без кичма. Вие сте плачипички. Се нешто ви фали. Се за нешто плачете. Се некој сака нешто да ви земе. Се некој ве излажал. Се нешто некој ви украл. Се некој сака нешто лошо да ви направи. Како можете да живеете во таков срав. Во такви говна. Стално и од се` и од секого да се плашите. Тоа ли е живот. Плачипички.

    • Sakas da kazes site sto si gi sakaat drzavite se placipicki. Celiot sveg se placipicki??? Pa ne moze da se site lapajkurovi

  6. Како ја сакаш државата? Со параноичен срав дека сите комшии, цела Европа и западниот свет ти се непријатели и дека сакаат да те снема, да не постоиш? Тоа ли е сакање на државата? Со плашење дека ќе ти го земат името, јазикот, државата, идетитетот, ќе те уништат, обезличат? Се тресете од срав од Албанците во Македонија, од Албанците од Албанија, од Србите, од Грците, од Бугарите, од Германците, од Англичаните, од Американците…. Од сите се плашите дека нешто лошо ќе ви направат. Тоа ли е живот? Тоа ли е сакање на државата? Тоа ли е јунаштво? Така ли прават јунаците? Не. Така прават плачипичките. Вие сте плачипички.

    • Ne be site se fini, osobeno komsiive i ovie domasnive. I sega treba da ti raskazuvam poedinecno za site sto gi imas navedeno? Ne be i ti znaes ama si platen za da prodavas veter i magla.

  7. Добро бе, ти стварно не разбираш? Што си се уплашил? Ај и да имаме непријатели. Што можат да ни направат? Кој може да не` натера да не зборуваме на овој македонски јазик кој го зборуваме? Кој може да не` натера да не бидеме тоа што чувствуваме дека сме – Македонци. Кој може да не` натера да пишуваме на друго пимо освен на ова наше македонско писмо. Што ќе се измени во нашите животи ако на пасошот и личната карта пишува наместо само Република Македонија, Република Северна Македонија? Што ќе биде лошо ако со тој пасош и лична карта можеме да одиме, да работаме, да живееме и да ги уживаме сите бенефити во било која европска држава? Што губиме? Што си се уплашил? Зар ние сме од мочка направени, од пареа, па ќе не` дувнат и ќе не снема? Турците пет векови не` гњавеле, мачеле и потурчувале. Не` викале Раја, Каури, робови. Не` снема ли? Престанавме ли да постоиме? Ако тогаш не успееја да не обезличат и да ни го одземат јазикот, писмото, идентитетот, кој и како ќе успее сега кога имаме своја држава со сите нишани? Држава признаене од цел свет, членка на ОН, а наскоро и на НАТО и ЕУ? Зошто не размислуваш?

  8. Da sum uplasen od takvite kako tebe a gi ima mnogu vo R. M. koi nemaat nist sveto, parite im se najvazni i mozat se da prodadat bez razmisluvanje. Ima edna izreka oddamnina sto vazi samo za Makedonija nasata. Vika – Se se samo da ne te fati grcko pismo i bugarski kotek. Ne e kazano bez potreba.

Comments are closed.