71 пратеник ќе агитираат за успешен референдум

Допис до претседателот на Собранието Талат Џафери испратиле 71 пратеник од пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса, како и двајца независни пратеници со кој го известуваат дека ќе земат активно учество во јавната кампања за референдумот, што треба да се одржи на 30 септември и дека ќе агитираат граѓаните да се изјаснат „за“ референдумското прашање.

Наспроти нив, засега само Пратеникот Антонијо Милошоски, го извести Собранието дека ќе се вклучи во кампањата, за што побара и средства, но дека ќе се залага за бојкот.

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека нема да бараат средсва, и предложи парите да бидат пренасочени за доизградба на училиште во Тетово, но конечниот став се очекува да го кажат до среда.

 

SHARE