734 милиони луѓе живеат со помалку од 1,9 долари дневно

Извештајот на Светската банка за сиромаштијата покажува дека бројот на луѓе кои живеат со помалку од 1,9 долари дневно се намалуваат на глобално ниво.

За жал, постои географска област на планетата каде сиромаштијата, наместо да паѓа, се зголемува. Тоа е Суб-сахарска Африка, каде што се наоѓаат најекстремно сиромашните луѓе во светот – дури 413 милиони од вкупно 736.

Од 27 земји, со најголема популација на екстремно сиромашни, 26 се земји на таканаречената Црна Африка.

Покрај африканските држави и во Сирија и Јемен е забележана екстремната сиромаштија во последниве години – поради војните.

Во апсолутна смисла, земја со најмногу луѓе што живеат со помалку од 1,9 долари дневно е Индија. Од вкупно 1,3 милијарди жители на Индија, 170 милиони или 13 отсто живеат во екстремна сиромаштија.

Во 2018 година, како што проценуваат истражувачите на Светската банка, со 190 милиони сиромашни Нигерија ќе ја престигне Индија по оваа негативна статистика.

SHARE