750.000 Бугари немаат ни еден заб!?

Приближно750.000 луѓе во Бугарија немаат ни еден заб и она што им го дава Фондот за здравствено осигурување е „трошка од она што треба да го добијат“.

Ова го објави Претседателот на Бугарската академија за естетска стоматологија, професор Христо Кисов,  предупредувајќи на проблемие на пациентите со поблеми во областа на лицето.

Проблем е отсуството на осигурена максилофацијална протеза за граѓаните, вели Кисев според кој ова не е во ред пренесуваат бугарски медиуми.

Според него во „нормалните држави, а ние имаме претензии да сме една од нив, на човек кој нема заби во видливата област, се гледа како на човек кој излегол гол на улица“.

SHARE

Оставете Коментар