89.000 полицајци ќе ја бранат Франција од „Жолтите елеци“

Франција се подготвува за уште еден викенд на протести кои би можеле да го парализираат Париз и другите делови на земјата.

Премиерот Едуард Филип изјави дека владата распоредила 89.000 припадници на безбедносните сили низ цела Франција, вклучувајќи 8.000 во главниот град, во случај демонстрациите повторно да бидат насилни, пренесуваат агенции.

Многу од познатите локации во главниот град – вклучувајќи го и Лувр, Ајфеловата кула, Музејот Делакроа и Париската опера – ќе бидат затворени за време на викендот поради протестите организирани од движењето „Жолти елеци“  .

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, денеска вети дека ќе ги распореди сите расположиви средства за да се осигура дека најновите протести нема да бидат киднапирани од „мала група“ од 10.000 луѓе, , кои се „радикализирани и склони кон насилство и омраза“.

Близу  630 лица беа уапсени, а повеќе од 260 беа повредени, вклучително и 81 полицаец, за време на протестите минатиот викенд, третата последователна недела од  демонстрациите против економските политики на претседателот Емануел Макрон, кои почнаа како протест поради цените на горивата.

SHARE

Оставете Коментар