Силно невреме проследено со огромно количество вода од небото го зафати југот од Балканот, а особено настрадаа грчките летувалишта. Невремето кое трае од вчера поплави голем број туристички капацитети, а гостите не само што немаат можност да уживаат на плажите туку се и меѓу најмногу настраданите. Дел од нив дури и зедоа учество во санирањето на водената стихија со цел да ги извадат своите семејства на сигурно.

Оставете коментар