Коѕиас бара ЕУ да не создава нов Груевски од Заев

 

Пред средбата со медијаторот Нимиц грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас ја обвини ЕУ дека не го разбира проблемот со името и најави дека во август пристигнува во Македонија со својот колега Никола Димитров да разговара за теми кои што не биле отворени во Атина на последниот состанокт меѓу шефовите на двете дипломатии.

„Проблемот со Скопје не е тоа што има еден или друг став. Проблемот е нешто што самата Европа мора да го разбере. Европа мора на добар начин да ги едуцира лидерите во Скопје за концептот на политички компромис и за културата на политички консензус. Кога станав министер за надворешни работи, им кажав на сите страни дека на некој начин „ги разгаливме“, бидејќи несоодветното однесување кон нас ќе го применат и во домашната политика. Сите видовме како Груевски го примени истиот концепт во својата земја“, изјави Коѕиас.

Коѕиас бара од Европската унија со својот однос д не го разгалува премиерот Заев за да не го претвори во нов Груевски кој бил непопустлив и кој не бил реален за прашањето за името.

Оставете коментар